Шпанија ја брани честа на европскиот фудбал на ЛОИ

Шпанија е единствената европска репрезентација која ќе игра во четвртфиналето на олимпискиот фудбалски турнир, а противнник им е Брегот на Слоновата коска. Овој турнир е еден од најинтересните, затоа што во нокаут фазата се пласираа национални тимови од дури шест различни континенти.

Според составот со кој располага, Шпанија е главен фаворит за златниот медал, но досегашните мечеви покажаа дека се можни изненадувања. Брегот на Слоновата коска одигра нерешено со Бразил и со Германија, а ја победи Саудиска Арабија и така се најде во четвртфиналето, а Германија извиси.

Во останатите три нокаут мечеви Јапонија игра против Нов Зеланд, Бразил е фаворит против Египет, а Јужна Кореја против Мексико ќе бидеи вистинско дерби. Сите четири меча може да ги одиграте во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести