Шпанија ја доби драмата со Шведска, ќе биде ли исто на Данска – Норвешка?

Франција убедливо со 42.28 го победи Бахреин, а Шпанија минимално со 34:33 ја победи Шведска во првите два четвртфинални мечеви од ракометниот турнир на ЛОИ во Токио.

Галските петли, кои се главни фаворити за златото, во ниту еден момент не дозволија Бахреин да се понадева дека може да направи чудо. Французите постојано водеа, а уште по првото полувреме стигнаа до сигурна предност од 21:14. Во вториот дел, фаворитот само продолжи да ја зголемува предноста, која во еден момент изнесуваше и 16 разлика (39:23), а на крајот четвртфиналето заврши со 42:28.

Многу понеизвесно беше на дербито меѓу Шведска и Шпанија. Првото полувреме како да се играше без одбрани, па беа постигнати дури 38 погодоци, а Шведска на пауза замина со предност од 20:18. Шведска водеше и со 29:25 во второто полувреме, но тогаш Црвената фурија се разбуди и направи серија од 5:0 за водство од 30:29, а потоа стигнаа и до три позитива (33:30).

Швеѓаните беа во нокаут и едноставно немаа сили дасе вратат во игра и на крајот единствено што успеаја е да намалат на еден разлика, што секако не беше доволно да се пласираат во полуфиналето.

Во 10 часот се игра уште еден дерби-меч меѓу Данска и Норвешка, а во 13:45 часот е закажан последниот четвртфинален меч меѓу Египет и Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести