9.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Шпанија ја изненади Франција, актуелниот првак може да остане без полуфинале

Победата на Шпанија над Франција од 36-32 нема да им помогне многу на Шпанците во трката за место во полуфиналето, но значително им ги расипува пресметките на актуелните европски прваци, Французите, кои лесно може да останат без место во полуфиналето и веќе не зависат само од себе.

По вечерашниот меч Германија – Данска, некои работи ќе бидат појасни во оваа група. Германците ако победат, сигурно ќе одат во полуфиналето.

Баруфет со 10 гола беше предводник на шпанскиот тим, Ернандес имаше 14 одбрани. Кај Франција, потфрли ѕвездата Мем, кој не постигна ниту еден гол.

- Оглас -

Најнови вести