Шпанија ја откажа фаворизираната Данска, Црвената фурија ќе игра за трето европско злато по ред

Шпанија е првиот финалист на Европското првенство во ракомет. Вечерва Шпанците со одлична игра во второто полувреме, ја совладаа фаворизираната Данска со 29-25 во полуфиналето кое го судеа Македонците Николов и Начевски.

Шпанија беше европски првак во 2018 и 2020 година, па во Будимпешта ќе оди по својот хет-трик. Данска важеше за топ фаворит, но претрпе два порази по ред, и ќе мора да се бори за бронза против поразениот од второто полуфинале во кое Фрација се среќава со Шведска.

Творци на триумфот беа Гомес Абелјо со 11 гола, Канелјас со 7 гола, и Де Варгас кој имаше 13 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести