Шпанија ја уништи Грузија на дождот во Тбилиси, Мората даде хет-трик (Видео)

Ефикасен почеток имаа денешните дуели од квалификациите за Европското првенство. На силниот дожд во Тбилиси, Шпанија успеа да постигне седум погодоци и да ја победи Грузија со неверојатни 1-7.

Победата на фаворитот беше најавена уште во првото полувреме кога резултатот беше 0-4 со двата погодоци на Алваро Мората, додека по еднаш во листата на стралците се запишаа и Олмо и Квиркелиа кој си постигна автогол.

На почетокот од вториот дел Грузија намали на 1-4 со погодокот на Чакветадзе, а во продолжение во мечот Шпанија доминираше и постигна уште три погодоци преку Мората, Вилиамс и Јамал.

После три одиграни натпревари Шпанија е на втората позиција на табелата со шест бодови, додека лидер останува Шкотска која има максимални 12 од четири средби.

- Оглас -

Најнови вести