На најновата ранг-листа на најдобри светски репрезентации која ФИФА ќе ја објави на 18 септември, првото место ќе биде за Шпанија.
Шпанците не биле прворангирани уште од јуни 2014 година. Досега на прво место беше Аргентина, но светскиот првак ќе падне за две места, а на второ место ќе биде Франција само со еден поен повеќе од Гаучосите. Кога Луис де ла Фуенте стана селектор на Црвената фурија, Шпанија беше десетта на ФИФА-листата.
Пад ќе има и Бразил, кој ќе биде шести, а петтата позиција ќе ја заземе Португалија. Меѓу првите 6 тима, само Англија ќе остане на истото место како на претходното рангирање, Англичаните и понатаму се четврти.