14.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Шпанија може да има пет тима во ЛШ и два во ЛЕ

Ако Валенсија сезонава ја освои Лига на Европа, а во домашното првенство не се пласира меѓу првите четири, тогаш во следната сезона Шпанија ќе има дури пет свои тима во Лигата на шампионите, но само два во Лига на Европа.

Освојувањето на ЛЕ автоматски носи место во елитната ЛШ, па Валенсија би играла во најсилното натпреварување, без разлика на пласманот во шпанската Примера. Во моментов, „лилјаците“ се петти и ако останат таму, и освојат Лига на Европа, Шпанија ќе има дури пет екипи во ЛШ. Ако Валенсија биде четврта во лигата, тогаш Шпанија ќе има четири екипи во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести