Полјаците ги победија Белгија и Италија, и по две кола имаат 6 бода, се наоѓаат пред пласман во полуфиналето на Европското првенство за фудбалери до 21 година, но сето тоа може да падне во вода, доколку вечерва загубат со 0-3 или поубедливо од Шпанија.
Шпанија ако сака да биде прва и да не чека расплет во другите групи, мора да ја совлада Полска со барем три гола разлика. Тоа нема да биде лесно, но не е невозможно. Вечер во истата група се очекува Италија да ја победи Белгија, па може да се случи три тима да бидат во круг од 6 бода. Во оваа група, важно е да се освои првото место, бидејќи второто можеби нема да води понатаму, ако се знае дека има група каде што Франција може да биде втора со 7 бода, и таа селекција ќе биде најдобра втора.
Италија тргна со убедливи 3-1 над Шпанија, но потоа киксираше против Полска со 0-1, па младите „аѕури“ се во непријатна ситуација. Тие во Реџо Емилија мора да ја победат Белгија, но тоа може да не им биде доволно. Италија ќе биде прва ако слави над Белгија, а притоа Шпанија да ја победи Полска со еден или најмногу два гола разлика.
Двете средби се играат од 21 часот.