Шпанија на „каталонски“ погон до полуфинале на ЛОИ (Видео)

Репрезентацијата на Шпанија е вториот полуфиналист на фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз. Шпанците без проблеми и убедливо ја совладаа Јапонија со 3-0 во четвртфиналето со голови на фудбалери кои настапуваат за екипи од Каталонија.

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопес беше двоен стрелец, во 11-тата и 73-тата минута, додека конечните 3-0 ги постави фудбалерот на Жирона, Абел Руис.

Противник на Шпанија во полуфиналето ќе ѝ биде селекцијата на Мароко, која претходно денес ги совлада фудбалерите од САД со убедливи 4-0.

- Оглас -

Најнови вести