Шпанија на сите им дава барем 30 гола, без проблем е во полуфиналето на ЕП

Шпанија ја совлада Белорусија со 37-28 и без проблем го потврди својот пласман во полуфиналето на Европското првенство во ракомет за мажи. Црвената фурија е најефикасниот тим на шампоионатот, на сите досегашни мечеви даваше 30 или повеќе голови. Вечерва против Белорусите, расположени во нападот беа и некогашните членови на Вардар, Алекс Душебаев и Хорхе Македа, кои заедно постигнаа 11 гола.

По првото полувреме, Белорусите имаа само еден гол негатива, но немаа сили во вториот дел, па Шпанија рутински ги освои бодовите. Овие 37 голови се најефикасната игра на Шпанија на шампионатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести