Шпанија од 2009 немаше победено со пресврт, Данска даде рекордни 8 гола, Ерменија изненади, Англија без проблем

Шпанија со гол на Дани Олмо во 93-тата минута, едвај победи со 2-1 на гостувањето кај Грузија. Олмо влезе во игра на стартот на второто полувреме и беше творец на пресвртот, откако Грузијците имаа предност од 1-0 по првиот дел. Црвената фурија од 1993 година не знае за пораз на меч од квалификации за СП, а постахви и светски рекорд од 37 квалификациски средби по ред на кои дава гол.

Шпанците немаа победено со пресврт уште од гостувањето во Скопје кога во пријателски меч победија со 3-2, а Македонија на прославата на отворањето на реновираната северна трибина на националната арена, водеше со 2-0.

Данска немаше милост, и со 8-0 ја прегази Молдавија и тоа е рекордна победа во еден квалификациски меч за СП.

Ерменија изненади со триумфот од 2-0 над Исланд, тоа е меч од нашата група во која вечерва се игра и дербито Романија – Германија. Англија рутински славеше во Албанија со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести