Репрезентацијата на Шпанија продолжува со одличните игри во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на Луис де ла Фуенте забележаа убедлива победа од 0-4 на гостувањето кај Грузија и остануваат лидери во групата со максимални 15 бода од пет меча, но се уште го немаат обезбедено пласманот на Мундијалот.
Ојарзабал беше стрелец на два гола, додека по еднаш во мрежата на Грузија погодија Зубименди и Торес.
Турција со 2-0 ја совлада Бугарија и со 12 бода се уште има теоретски шанси за директен пласман на Мундијалот, но за тоа ќе им биде потреба победа од седум гола разлика на гостувањето кај Шпанија.
Грузија со три бода и Бугарија со нула, веќе одамна немаат шанси за пласман на една од првите две позиции на табелата.
Блиску до пласман на Светското првенство 2026 е и селекцијата на Австрија, која славеше со 0-2 на гостувањето кај Кипар. Сепак, за теоретски пласман ќе го чекаат исходот од мечот помеѓу БиХ и Романија. Доколку Босанците не успеат да победат, тогаш Австрија оди на Светското првенство, во спротивно, ќе одлучуваат во последното коло во меѓусебниот дуел.

