Шпанија повторно е европски првак, Душебаев јунак, Карачиќ трагичар (Видео)

Шпанија го одбрани европскиот трон во машкиот ракомет, откако во денешното финале со Хрватска, Црвената фурија победи со 22-20. При 21-20, екс играчот на Вардар и еден од јунаците на Коцкестите на ова ЕП, Игор Карачиќ направи чекори, судиите Николов и Начевски им ја доделија топката на Шпанците кои преку друг некогашен вардарец Алекс Душебаев, дадоа гол за недостижни 22-20 на 35 секунди до крајот.

Хрватска предводена од селекторот Лино Червар силно посакуваше да се закити со единственото злато кое им фали, но повторно не успеаја. Гомес со пет гола беш прв стрелец во ова финале во кое доминираа одбраните.

Ова е голот на Душебаев кој го одлучи финалето:

https://twitter.com/i/status/1221479286403502080

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести