Репрезентацијата на Шпанија е единствената која забележа победа на вечерните натпревари од дивизијата „А“ на Лигата на нации. Актуелниот европски шампион рутински ја победи Србија на домашен терен во Мурсија со убедливи 3-0, иако според играта можеше да биде и далеку поубедливо.
Головите за Шпанија беа дело на Лапорт, Мората и Беана, а Мората промаши и пенал на резултат 1-0.
Вистинска голеада имаше на мечот помеѓу Полска и Хрвстска, шест гола, но немаше победник. Натпреварот заврши 3-3. Полска поведе, но Хрватска брзо направи пресврт и поведе со 1-3, но и тоа не беше доволно за победа, па домашните се вратија во игра и израмнија на 3-3.
Најголемиот кикс го направи селекцијата на Португалија, која одигра нерешено, 0-0 на гостувањето кај Шкотска. Нерешено одиграа и селекциите на Швајцарија и Данска, кои играа 2-2.
Во дивизијата „Ц“, најубедливата победа ја забележа Северна Ирска, која на домашен терен ја декласира Бугарија со 5-0. Убедлива победа забележа и Косово со 3-0 над Кипар, додека Белорусија ремизираше против Луксембург, 1-1. Победа забележа и селекцијата на Романија, која со 1-2 ја совлада Литванија на гости и го задржа максималниот ефект.