Шпанија се мачи, губеше, но стигна до 1:1 против Грузија (Видео)

Шпанија е голем фаворит во осминафиналната пресметка против Грузија, но по првите 45 минути е нерешено. Грузиците кои се дебитанти на едно големо натпреварување, изненадувачки поведоа со 1:0 и тоа благодарение на автоголот на Ле Норманд во 18 минута. Автоглот со кој Грузија поведе со 1:0 може да го видите ТУКА.

Во текот на целото прво полувреме Шпанија доминираше и напаѓаше, а на крајот тоа им се исплатеше. Во 39 минута, Родри со шут од врвот на шеснаесетникот погоди за 1:1.

- Оглас -

Најнови вести