Ансу Фати и Феран Торес се подмладокот и иднината на шпанската фудбалска репрезентација, а селекторот на Црвената фурија, Луис Енрике, се одлучи да ги повика и двајцата големи таленти за мечевите со Германија и Украина, што ќе се играат на почетокот на септември за старт на новото издание на Лигата на нациите.
Торес неодамна потпиша за Манчестер сити и очекува да дебитира за Црвената фурија, а на тоа се надева и 17-годишниот играч на Барселона, Фати.
Енрике повика 24-ица фудбалери на поширокиот список за двата меча. Шпанија ќе игра против Германија на 3 септември на „Мерцедес бенц ареаната“ во Штутгарт, а три дена подоцна ќе ја пречека Украина во вториот меч од четвртата група во Сегментот А.
https://twitter.com/SeFutbol/status/1296379380407705605?s=20
Еве го комплетниот список на Шпанија за септемвриските дуели:
Голмани: Де Хеа, Кепа, Унаи Симон
Одбрана: Навас, Карвахал, Рамос, Пау Торес, Диего Љоренте, Гаја, Регулион, Ерик Гарсија
Среден ред: Руиз, Алкантара, Буксетс, Родри, Мерино, Олмо, Оскар
Напад: Родриго, Феран Торес, Фати, Адама, Ојарзабал, Асенсио.