Шпанија во друштво на Македонија и Хрватска

Шпанија славеше во дуелот против Исланд со 32:25 и стигна до максимални четири бода по првите две кола во групата Б. „Црвената фурија“ им се приклучи на Македонија и Хрватска, кои се перфектни досега и тоа е тројката која е на позициите што водат во следната фаза на Светското ракометно првенство.

Исланд покажа дека е послаб противник и од Хрватска, но и од Шпанија, па затоа „рибарите“ засега се без ниту еден бод. Уште во првото полувреме, Шпанија покажа дека ќе стигне до триумф. Дадоа дури 19 погодоци во првите 30 минути и имаа предност од пет гола. Во вториот дел, Исланд во ниту еден момент не успеа да намали под негатива од три поени, а во последнините минути Шпанија го засили ритамот и стигна до победа со предност од седум гола.

Утре на програмата е третото коло од групата Б. Македонија игра против Хрватска, Исланд со Бахреин, а Шпанија ќе има тренинг-тест против Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести