Шпанија има проблем: Капитенот има корона-вирус

Капитенот на шпанската репрезентација, Серхио Бускетс, е позитивен на корона-вирусот по последните тестирања направени на членовите на Црвената фурија. Шпанија само пред три дена играше пријателски меч против Португалија, а Бускетс беше на теренот до 63-тата минута.

За среќа на Шпанците, сите останати фудбалери се негативни на тестирањето, па Бускетс е ставен во самоизолација. Првиот меч на Европското првенство Шпанија ќе го игра на 14 јуни против Шведска и речиси е сигурно дека Бускетс нема да биде на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести