Шпанија за првпат ќе игра полуфинале на женско СП (Видео)

Женската фудбалска репрезентација на Шпанија е првиот полуфиналист на женското Светско првенство кое се игра во Австралија и Нов Зеланд.

Шпанките во четвртфиналето беа подобри од финалистките од последниот Мундијал, Холандија со 2:1, а клучниот гол го постигнаа во продолженијата од двапати по 15 минути. Ова е прв пласман за Шпанките во полуфинале на едно СП.

Шпанките, кои беа подобри противнички на „Скај“ стадионот во Велингтон, можеа да слават и во регуларното време. Тие преку Калдентеј во 81-вата минута поведоа со 1:0, но Холанѓанките во првата минута од судиското надополнување дојдоа до израмнување, и тоа преку Стефани ван дер Грагт.

Spain vs Netherlands World Cup quarter final | Highlights
by u/Leviticus21-20 in soccer

 

Голот кој ја однесе Шпанија во полуфиналето беше постигнат во 111-тата минута, а стрелец беше Салма Параљуело.
Фудбалерките на Шпанија во полуфиналето ќе играат против подобриот од мечот меѓу Јапонија и Шведска, кој започнува за малку повеќе од еден час.

- Оглас -

Најнови вести