Женската ракометна репрезентација на Македонија и официјално обезбеди пласман на Европското првенство кое кон крајот на годината ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Ракометарките денеска во претпоследното коло со убедливи 22:37 го совладаа Казахстан, а неколку часа подоцна, европската виза за избраничките на селекторот Кристијан Грчевски и математички ја завери Шпанија, која ја совлада Литванија со 34:20.
Во пресрет на последното шесто коло од квалификациите во групата 5, Македонија има шест бода од пет меча, додека Литванија, која со евентуална сензација и триумф над Шпанија ќе се избореше за директна пресметка со Македонија во последното коло, во која ќе беше одреден патникот, остана на два бода, колку што има и Азербејџан.