Шпанија е прв финалист на женското Светско првенство во фудбал откако во интересен полуфинален меч ја совлада Шведска со 2-1.
За Шпанките ова е прва победа во 12-те меѓусебни дуели со Шведска и прво финале на женски Мундијал.
До 80-тата минута немаше голови, а тогаш 19-годишната Салма Параљуело од Барселона, која им донесе победа на Шпанките во четвртфиналето, погоди за отворање на резултатот. Осум минути подоцна, Лина Хуртиг само што влезе во игра, даде гол за 1-1.
Но, тука не беше крајот, во 89-тата минута Црвената фурија дојде до победа со убав гол на Олга Кармона Гарсија од Реал Мадрид. Олга е дефанзивец, ретко дава голови, но денеска постигна прекрасен погодок.
Второто полуфинале се игра утре, а во него се среќаваат домашната Австралија и фаворитот Англија.