Шпанките немаат конкуренција, освоија нова титула за потврда на доминацијата (Видео)

Репрезентацијата на Шпанија ја одбрани титулата во фудбалската Лига на нации во женска конкуренција, откако вечерва во реванш-финалето ја совлада Германија со 3-0 (првиот меч заврши 0-0).

Победата беше обезбедена во период од 13 минути (од 61-вата до 74-тта минута), кога Шпанките постигнаа три гола. Клаудија Пина даде два гола, а Вики Лопес еден за голема радост на 55.843 гледачи на „Метрополитано“ во Мадрид.

Доминацијата на Шпанија во женскиот фудбал е неспорна. Тие се актуелни светски шампионки, број 1 на ранг-листата на ФИФА, ги освоија последните две изданија во Лигата на нациите, последните пет години фудбалерка на годината е прогласувана Шпанка.

Ова е прекрасниот гол за конечни 3-0:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести