Шпанската атлетичарка Ана Пелетеиро (29), актуелна европска шампионка во трискок и носителка на бронзен медал од Олимписките игри во Токио, ја сподели својата потресна приказна за злоупотреба од страна на поранешниот партнер. Пелетеиро, која ја сподели својата исповед на „ТикТок“, одлучи да не го именува сторителот, но детално опиша низ што поминала.
Пелетеиро откри дека била изложена на сексуална злоупотреба.
„Среде ноќ ме будеше за сексуален однос на кој не се согласував. Сепак, останав во врска со него и тоа целосно ме промени – начинот на којшто се облекував, се однесував, па дури и комуницирав со моето семејство. Се изолирав од многу пријатели“, откри атлетичарката.
Ana Peleteiro denuncia públicamente las agresiones sexuales y el maltrato que sufrió por parte de su expareja
— Anaïs López (@anaislopez23) December 9, 2024
“Si os identificáis con alguna de estas señales, por favor, salid corriendo”
BASTA YA.
pic.twitter.com/P3HwBD924S
Таа исто така зборуваше за неговата неверност.
„Кога ќе отидев кај него за викенд, одеднаш ќе исчезнеше и немав апсолутно никакви информации за тоа каде е. Се враќаше од патувања со љубовни траги на телото и тврдеше дека го каснале инсекти од душекот. Кога ќе го соочев со доказите, ме нарекуваше луда и тврдеше дека си замислувам, иако открив пораки кои ги испраќал на колешка“, истакна Пелетеиро.
Шпанската атлетичарка сега е мажена за францускиот натпреварувач во трискок, Бенџамин Компаоре, со кого има ќерка. Во својата кариера таа освои два златни, еден сребрен и еден бронзен медал на европските првенства, како и два бронзени медали на светските првенства и еден на Олимписките игри.
Оваа нејзина исповед предизвика големо внимание инспирирајќи дискусии за важноста на подигнување на свеста за злоупотребата и поддршката за жртвите.