Шпанската „Марка“ ги разочара мадридистите на темата „Килијан Мбапе“

Килијан Мбапе останува во ПСЖ и оваа сезона, објави реномираниот шпански медиум „Марка“ разочарувајќи ги своите читатели и навивачи на Реал Мадрид кои нетрпеливо чекаа да се случи последната трансфер-бомба во овој преоден рок.

Францускиот ас вчера блескаше со двата погодоци во победата на ПСЖ од 2-0 над Ремс, меч во кој дебитираше и Лионел Меси. Самиот факт што Мбапе се најде во составот на Светците е доволна причина за да згаснат надежите на Реал дека во последните два дена од летниот трансфер-пазар ќе успее да го доведе во Мадрид.

Од таборот на ПСЖ тврдат дека Реал нема испратено офиицијална понуда, споменатата 170+10 милиони евра, која ја одбија само преку изјави, а воедно не го менуваат својот став дека сакаат да го задржат својот млад фудбалер. Мбапе во меѓувреме влезе во последната година од договорот со намера да го одработи и да си замине од Париз како слободен играч, но тоа остава простор за разубедување бидејќи нема сомнежи дека до јуни 2022 година Светците ќе направат сè за да ја продолжат соработката со Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести