Шпанска пејачка ќе го запознава Мбапе со убавините на Мадрид

Килијан Мбапе налето ќе си замине од ПСЖ и повеќе од сигурно ќе го исполни сонот и ќе го облече дресот на Реал Мадрид, а француските медиуми откриваат дека тој во главниот град на Шпанија нема да биде сам.

Тие објавија дека Мбапе извесно време е во врска со шпанската пејачка и танчерка, Лола Индиго.

Лола е родена во Мадрид и идната година ќе одржи концерт токму на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“. Таа е една од најпопуларните шпански пејачки, а на Инстаграм има 2,4 милиони фанови, меѓу кои е и Килијан Мбапе.

 

 

- Оглас -

Најнови вести