Шпанска судијка стана медицинска сестра и се приклучи во битката против Коронавирусот

Ирагарце Фернандес е шпанската фудбалска судијка која арбитражната опрема ја замени со заштитен костим и стана медицинска сестра. Таа работи во Мадрид и се приклучи во првата борбена линија против Коронавирусот.

Дваесет и шестгодишната Фернандес веќе пет години учела за медицинска сестра во Билбао, но пандемијата со вирусот Ковид-19 го забрза процесот за нејзино усовршување на занаетот со цел да помага на заразените.

„Не сум Супержена, само сакам и јас да помогнам колку што можам во оваа битка. Работата ми е да ги проверам симптомите на сите коишто доаѓаат со кашлица или температура да се прегледаат. Ризикот да се пренесе вирусот е голем, стресно е да се работи во такви услови, но нема предавање“, истакна Фернандес за шпанските медиуми.

Инаку, Шпанија е втора најзагрозена земја во Европа по Италија, до денеска се потврдени повеќе од 56.000 случаи на заразени со вирусот Ковид-19, додека има над 4.000 мртви.

- Оглас -

Најнови вести