Шпанската федерација се закани: Нема да делегираме судии за мечевите во петок и понеделник

Шпанското министерство за спорт имаше неуспешна медијација во спорот меѓу Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација, па спорот за мечевите од првенството на една од најсилните фудбалски земји на светот може да заврши на суд.

Ла Лига ги има правата да го организира шампионатот во Шпанија, а Федерацијата ги има судиите под своја капа и се закани дека нема да им праќа арбитри на прволигашите за петочките и за натпреварите што треба да се играат во понеделник.

Ла Лига ги има и ТВ-правата и сака да се игра и за време на викендите, но и во понеделник, нешто што не им е по волјата на грото навивачи во Шпанија, а очигледно и на Федерацијата.

- Оглас -

Најнови вести