Шпанската лига доби дозвола да продолжи на 8 јуни!

Шпанскиот премиер Педро Санчес даде изјава која израдува милиони љубители на фудбалот во неговата земја, но и целиот свет, а тоа е дека фудбалското првенство може да биде продолжено од 8 јуни. Осми јуни е понеделник, па најверојатно Ла Лига ќе продолжи четири дена подоцна, в петок 12 јуни.

Санчес кажа дека третата фаза од олабавување на мерките во Шпанија стартува на 8 јуни, и тоа е датумот од кој ќе се симне забраната за одржување на големи спортски настани. Од следната недела тимовите би требало да почнат да тренираат групно.

- Оглас -

Најнови вести