Екипата на Милан е помеѓу најактивните ова лето, барем кога станува збор за трансфер пазарот. Раководството на „црвено-црните“ ја гради екипата која треба да се врати на старите патеки, а како дел од мозаикот треба да биде и шпанскиот дефанзивец Марк Пубил.
22-годишниот дефанзивец е член на Алмерија, екипа со која има договор до 2029 година, но неговата вредност во моментов се проценува на четири милиони евра, што е сума која е прифатлива за Милан.
Пубил минатата сезона настапи на 40 натпревари за Алмерија, постигна еден гол, а имаше и пет асистенции.
Сепак, Милан ќе има голема конкуренција за неговиот потпис, бидејќи интерес постои и од премиерлигашот Вулверхемптон.