Шпански фудбалер казнет поради сексуално вознемирување на маскотата

Шпанскиот фудбалер Уго Мало е осуден за сексуално вознемирување на маскотата на Еспањол за време на натпревар. Тој е казнет со 6.000 евра и уште 1.000 евра кои ќе ѝ припаднат на жената за вознемирувањето.

Според одлуката на судот, Мало ја фатил за гради маскотата во костим на папагал пред натпреварот на Селта и Еспањол, чиј член бил тогаш.

Триесет и тригодишниот фудбалер, кој сега настапува за грчки Арис, се бранел дека не е виновен и дека не направил ништо спротивно на законите, дека на ист начин се поздравувал и со фудбалерите и со маскота, а воопшто не знаел од кој пол е личноста под костимот.

- Оглас -

Најнови вести