Шпански медиум се прашува: Постои ли проблем меѓу Винисиус и Мбапе?

Шпанскиот медиум, Релевао, излезе со теорија дека постои некаков проблем помеѓу Винисиус и Килијан Мбапе. Нивниот заклучок е дека кога двајцата се на теренот, само едниот игра добро, иако се работи за врвни фудбалери.

Раководството на „кралевите“ се обидува да го реши проблемот помеѓу двете ѕвезди, иако велат дека нивниот однос е со взаемна почит, но во никој случај не е пријателски надвор од теренот.

Медиумот од негови извори тврди дека раководството на Реал Мадрид планира директно да „интервенира“ во составот, односно да се вклучи за да го реши проблемот, бидејќи ваквиот однос е далеку од она што го планираа. Индивидуалните квалитети не се проблем, но од двајцата изостанува тимската игра, а на тоа се гледа како на главен проблем за резултатите во Ла Лига и заостанувањето позади Барселона.

- Оглас -

Најнови вести