22.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Шпански медиум тврди: Лео Меси одлучи која ќе биде последната екипа во неговата кариера

Лионел Меси ќе го пропушти следниот меч на Интер Мајами и тоа оној против Синсинати во МЛС лигата, поради суспензијата која ја доби поради ненастапувањето на американскиот Ол-стар натпревар.

Сепак, иако во САД стравуваа дека оваа суспензија може да го налути Аргентинецот и тој да си замине, шпански „Мундо Депортиво“ открива дека Лионел Меси наскоро ќе потпише продолжување на договорот со Интер Мајами и тоа воедно ќе биде неговиот последен клуб во кариерата.

Очекувањата се дека Аргентинецот ќе се пензионира следната година после Светското првенство во САД, Канада и Мексико, каде со репрезентацијата на „гаучосите“ ќе ја бранат титулата.

Агентите на Меси веќе се во завршна фаза од преговорите со екипата од МЛС лигата и наскоро ќе биде и официјално објавено дека Аргентинецот ќе го продолжи договорот со Интер Мајами на уште една година.

- Оглас -

Најнови вести