Шпанскиот новинар и инсајдер Пепе Алварез, објави на своите социјални мрежи дека Флорентино Перез ќе ја напушти функцијата претседател на Реал Мадрид во 2026 година.
Според изворот, 78-годишниот претседател на Реал одлучил да го напушти клубот следната година, иако неговиот мандат завршува во 2028 година.
„Флорентино сака да обезбеди уредна транзиција на власта, без оглед на тоа дали неговите партнери го поддржуваат референдумот или не“, објави Пепе Алварез.
Перез првпат стана претседател на Реал Мадрид во 2000 година, и остана шест години. Во 2009 година, тој беше повторно избран. За време на неговиот мандат, клубот освои седум Лиги на шампиони и седум титули во шпанското првенство.
Се шпекулира дека Флорентино веќе има најдено идеален наследник и затоа решил да се повлече. Амбиција да стане прв човек на Реал има и тенисерот Рафаел Надал.
Откако се појави оваа информација за можна оставка на Флорентино, други шпански медиуми објавија дека имаат потврда оти тоа не е вистина и дека Перез нема намера да се повлече, и тоа ќе стане јасно на Собранието на 23-ти ноември.

