Шпанските ракометари повторно се покажаа како големи мајстори за победи во малите финалиња на Олимписките игри и повторно освоија бронза со победа против Египет со 33:31.
Шпанците имаа предност од 19:16 по првиот дел и со одлична игра успеаја да ја задржат докрај, иако Египет го доби второто полувреме со 15:14.
Гомес постигна 8 гола, а зад него втор стрелец кај Шпанците беше Алеск Дујшебаев со шест погодоци, колку што постигна и Гарсија.
Шпанците сега се рекордери со четири бронзи на ракометните машки турнири на Олимпијадите. Египет не успеа да го освои историскиот прв ракометен медал на ЛОИ, а Парондо и неговите соиграчи сепак имаа одличен турнир.
Во мечот за златен медал од 14 часот ќе играат Франција и Данска.