21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Шпански судиски експерт тврди: Голот на Реал е нерегуларен (видео)

Реал и Челзи со реми од 1-1 ќе влезат во реваншот на кој ќе се бара пласман во големото финале идната среда, но според шпанскиот судиски експерт Хуан Оливера, израмнувачкиот погодок на Кралевите не е регуларен.

Бензема во 29-тата минута со ефектен гол го постави конечниот резултат во Мадрид, но пред тоа имало прекршок во напад според Оливера, кој судискиот тим предводен од Дани Макели не го забележа или не реагираше на него.

Нафрлувањето во шеснаесетникот стигна до Каземиро, кој беше повисок во скокот од капитенот на гостите Аспиликуета, па топката стигна до Бензема, кој ја искористи мешаницата и заби за 1-1. Каземиро притоа користеше раце во воздушниот дуел, односно прилично агресивно го заби лактот во вратот на шпанскиот дефанзивец, за што немаше никаква судиска проценка, ниту реакција од ВАР-собата.

„Каземиро направи фаул врз Аспиликуета пред топката да стигне до Милитао, кој го проигра Бензема за израмнувањето на 1-1“, изјави Оливера за радио „Марка“.

https://twitter.com/EberCastro8/status/1387229072632188930

- Оглас -

Најнови вести