Управата на Еспањол објави дека шпанскиот тим е првиот клуб на светот што ќе прифати плаќање со криптовалути. На почеток, заинтересираните преку интернет ќе можат со криптовалути да купуваат производи од клупската продавница, а подоцна ќе може да се купуваат и билети за натпреварите на Еспањол.
Шпанскиот тим во мај годинава потпиша тригодишен спонзорски договор со „Крипто Снак“.
„Многу сме среќни што сме партнери со Еспањол, кој и официјално ќе прифати плаќање во криптовалути и тие се пионери во спортот. Заедничката работа ќе ни овозможи да им ја приближиме технологијата на навивачите и да ја отвориме вратата на глобалниот пазар“, изјави Стјуарт Морисон, извршен директор на „Крипто Снак“.