29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Шпански тренер 50 пати силувал 13-годишно девојче, по 26 години го стигна казната

Марио Лопес е 57-годишниот некогашен тренер на Лоинтек Герника и некогашен тренер во млади категории во женската кошарка, кој доби затворска казна од 13 и пол години поради континуирано сексуално злоставување на малолетничка, пренесе „Марка“.

Лопес е осуден за сексуално злоставување на млада кошаркарка која во тоа време имала само 13 години. Судскиот совет одлучил дека во 1998 година, кога Лопес имал 31 година, сексуално злоставувал девојче, и тоа дури 50 пати.

Во пресудата се вели дека Лопес ја оскористил својата положба и разликата во години, за да ја злоставува жртвата. Освен затворската казна од 13 и пол години, Лопес доби забрана да работи како кошаркарски тренер за малолетници. Исто така нема да смее да се доближи на 300 метри од домот на жртвата, која треба да добие и парична отштета во износ од 80.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести