20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Шпански весник избра десет најлоши напаѓачи во историјата на Реал, тројца се од поранешна СФРЈ

Мадридскиот спортски весник „Ас“ објави листа од деет најлоши напаѓачи на Реал Мадрид во историјата, и на неа има дури тројца од поранешната држава СФР Југославија.

Двајца се од Србија, Лука Јовиќ и Перица Огњеновиќ и еден од Бих, Елвир Баљиќ. Јовиќ се уште е играч на Реал кој за него плати 60 милиони евра, но сезонава настапува како позајмен играч во Фиорентина.

Огњеновиќ и Баљиќ, Кралскиот дрес го носеа помеѓу 1999 и 2001 година.
Напознатото име на оваа листа е тоа на поранешниот француски репрезентативец Николас Анелка, кој дресот на Кралскиот клуб го носеше во сезоната 1999/00. За Реал кој го плати 22.5 милиони фунти, одигра само 33 натпревари, штрајкуваше и одби да тренира три дена пред неговото деби.

Не помалку спектакуларна беше епизодата на Антонио Касано, кој го носеше дресот на Реал од 2006 до 2008 година и притоа настапи на само натпревари и имаше учинок од четири гола и три асистенции. Еден гол повеќе даде Аргентинецот Хавиер Савиола кој за Реал настпауваше од 2007 до 2009 година.

Десет најлоши напаѓачи  во историјата на Реал според весникот АС:

Николас Анелка (1999-2000)
Антонио Касано (2006-2008)
Хавиер Савиола (2007-2009)
Лука Јовиќ (2019-2022)
Едвин Конго (1999-2000)
Мануел Канабал (1997-1998)
Перица Огњеновиќ (1999-2001)
Елвир Баљиќ (1999-2002)
Петар Дубовски (1993-1995)
Фредерик Магелан (1999-1999)

- Оглас -

Најнови вести