24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Шпанскиот фудбалски сојуз бара оставка од Рубијалес: „Ова е тежок удар за нашиот фудбал“

Луис Рубијалес, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, повеќе ја нема поддршката ниту од своите колеги. Претседателите на регионалните фудбалски сојузи синоќа одржале состанок, на кој донеле одлука дека Рубијалес мора веднаш да ја напушти претседателската функција и да биде заменет од неговиот потпретседател.

„По последните случувања и неприфатливото однесување кое му нанесе голема штета на имиџот на шпанскиот фудбал, претседателите на регионалните сојузи бараат од Луис Рубијалес веднаш да поднесе оставка од претседател на РФЕФ“, се вели во заедничкото соопштение.

Претседателот на Шпанскиот фудбалски сојуз откако изби скандалот со бакнежот со фудбалерката Џени Ермосо, доби суспензија во траење од 90 дена од УЕФА додека не биде донесена конечна одлука, а Рубијалес минатата недела одби да си поднесе оставка од претседателската функција тврдејќи дека бакнежот бил взаемен.

- Оглас -

Најнови вести