12.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Шпанскиот премиер: „Ја исфрливте Русија, а што е со Израел?“

На последната етапа од велосипедската трка „Вуелта а Еспања“ се случуваше вистински хаос откако пропалестински демонстранти влетаа на патеката и ја прекинаа трката, а се судрија и со полиција. Епилогот е двајца уапсени и 22 повредени лица.

По случувањата во Мадрид, реагираше и премиерот на Шпанија, Педро Санчес, кој побара Израел да биде исклучен од сите натпреварувања по примерот на Русија.

„Спортските организации треба да разгледаат дали е етички Израел да продолжи да учествува на меѓународни натпреварувања. Зошто беше исфрлена Русија по нападот врз Украина, а не се исфрла Израел по нападот врз Газа? Сè додека варварството не заврши, ниту Русија ниту Израел не треба да учествуваат на меѓународни натпреварувања“, рече Санчес.

- Оглас -

Најнови вести