28.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Шпанскиот првак потврди голем потпис

Атлетико Мадрид го потврди новиот договор со Диего Симеоне до јуни 2024 година. Најуспешниот тренер во историјата на Јорганџиите продолжува со својата работа на „Ванда Метрополитано“, а клубот ги обнови соработките и со останатите тренери од стручниот штаб на популарниот Ел Чоло.

До крајот на новиот договор, Симеоне ќе помине 13 години како тренер на Јорганџиите откако го прифати предизвикот во 2011 година. Атлетико во ерата на Симеоне освои осум трофеи, од кои две се титули во Ла Лига, како и две титули во Лигата на Европа, а се паметат и две загубени финалиња од градскиот ривал Реал во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/Atleti/status/1413181907110662144

- Оглас -

Најнови вести