Шпанскиот прволигаш го отпушти тренерот

По поразот на гостувањето кај Алавес со 3:1, екипата на Гранада го отпушти тренерот Пако Лопес. По 14 одиграни меча, Гранада освои само седум бода и моментално е на претпоследното место на табелата. Со дури 33 примени гола, што е просек од речиси 2,5 примени гола по меч, Гранада ја има втората најлоша одбрана.

Лопес дојде на чело на Гранада на почетокот од минатата сезона, кога тимот играше во втората лига и ја предводеше екипата до место во елитното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести