Робин Ле Норман е нов играч на Атлетико Мадрид. Стандардниот стопер на шпанската репрезентација го напушти Реал Сосиедад и среде Европското првенство потпиша за новиот клуб.
Реал Сосиедад ќе добие 30 милиони евра за својот првотимец, а Ле Норман и Атлетико постигнаа договор уште пред почетокот на ЕП.
Дефанзивецот настапи на сите четири натпревари на ЕП, а досега има 15 настапи и еден гол за репрезентацијата. Во кариерата играше за втората екипа на Брест, а пред осум години премина во вториот тим на Реал Сосиедад.
Последните пет сезони играше за првиот тим на Реал Сосиедад, а во меѓувреме реши да игра за Шпанија, иако е роден во Франција.