Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Де ла Фуенте, ќе го стави Брахим Дијаз на листата на играчи за мартовските мечеви на Црвената фурија.
Де ла Фуенте на тој начин би го наградил одличното крило на Реал Мадрид кое игра во голема форма, а потврда на тоа беше и неговиот феноменален гол за победа против Лајпциг во Лигата на шампионите.
Шпанија во март ќе одигра две пријателски средби (против Колумбија на 22-ри и против Бразил на 26-ти).
Шпанската фудбалска федерација смета дека повикувањето на Брахим е со стратешко значење, затоа што тој уште може да се одлучи да игра за Мароко. Брахим има играно во младинските категории на шпанската репрезентација, има и еден пријателски меч за А тимот во 2021 година, па Шпанците сакаат да стават крај на секој сомнеж и да спречат иден повик на Брахим од Лавовите на Атлас.