Шпанскиот селектор најмногу се плаши од Роналдо

Шпанија и Португалија вечерва во Минхен ќе играат во финалето на Лига на нации. Овие две селекции знаат како е да се освои овој трофеј. Португалија беше најдобра во 2019 година, а Шпанија е актуелен бранител на трофејот.

Шпанија која е и актуелен европски првак е во улога на фаворит, но селекторот на Црвената фурија, Луис Де ла Фуенте зборуваше со многу респект кон противникот, посебно кон Кристијано Роналдо.

„Благослов е да се соочиш со Португалија и со играч кој обликуваше една ера и наследство“, изјави Де ла Фуенте за медиумите.

За разлика од Португалија каде главниот играч има 40 години, во селекцијата на Шпанија, прва ѕвезда е 17-годишниот Ламин Јамал. Де ла Фуенте вели дека Јамал е спокоен и дека е подготвен за ова финале.

 

- Оглас -

Најнови вести