20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Шпанскиот шампион си ги чува играчите – По Савиќ ќе ги продолжи договорите со уште двајца важни фудбалери

Атлетико Мадрид има големи амбиции во следната сезона, а цел е да се одбрани шампионската круна во Ла Лига и да се атакува на врвот на Европа во Лигата на шампионите.

Првакот на Шпанија е во акција за продолжување на договорите со клучните играчи, а веќе е објавено дека дефанзивецот Стефан Савиќ го продолжи договорот до 2024 година.

Сега на ред се Маркос Љоренте, кој веќе има важечки договор со Атлетико до 2024 година и дефанзивецот Фелипе, кој би бил слободен идното лето.

Претходно и тренерот Диего Симеоне се обврза да остане во клубот најмалку уште три години, а до 2024 година за клубот од Мадрид ќе играат сигурно и Кореа и капитенот Коке.

Лоди има договор до 2025 година, Саул Нигез една година повеќе, а проблем е само голманот Јан Облак. Тој има важечки договор до 2023 година и се уште не го продолжил договорот, бидејќи за него има огромен интерес од европските гиганти.

 

- Оглас -

Најнови вести