Шпанскиот управен суд, кој се занимава со прашањата поврзани за спортското право, одлучи дека бакнежот меѓу претседателот на фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ), Луис Рубијалес и фудбалерката Џени Ермосо, не претставува „тешко“ кршење на шпанските закони.
Со отворањето истрага против Рубијалес за „тежок“ прекршок, Управниот суд за спорт, и оневозможи на агенцијата која ги надгледува сите спортски активности во Шпанија, да го суспендира Рубијалес до донесувањето на правосилна пресуда.
Државниот секретар за спорт, Виктор Франкос, и покрај одлуката на Управниот суд, ќе побара од истиот суд привремено да го суспендира Рубијалес иако е свесен дека шансите за такво нешто по последната одлука, се минимални.
Иако Управниот суд во Шпанија го „помилува“ Рубијалес, тој не може да ја извршува функцијата прв човек на РФЕФ бидејќи доби 90-дневна суспензија од ФИФА која започна сопствена истрага.