Шпанскиот Суперкуп го менува градот, Реал – Барса е можно финале

Завршницата на шпанскиот фудбалски Суперкуп во јануари 2025 година ќе се одржи во Џеда откако претходните три години исто така се играше во Саудиска Арабија, но во Ријад.

На 8 јануари во првото полуфинале ќе се сретнат Реал Мадрид (шампион на шпанската лига) и Мајорка (финалист во купот), а наредниот ден е дуелот на Барселона (вицешампион на лигата) и Атлетик Билбао (освојувач на Купот). Финалето е на 12 јануари.

Ова нема да биде првпат шпанскиот Суперкуп да се игра на стадионот „Крал Абдула“ кој има капацитет од 60.000 седишта. Во финалето во 2020 година таму Реал Мадрид на пенали го победи Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести