Шпанскиот Суперкуп ќе се игра според форматот на Фајнал фор?

Суперкупот на Шпанија веќе нема да биде дуел на првакот и освојувачот на Купот, туку ќе се игра како турнир со четири учесника, и тоа во странство, а не на шпанска територија. Ова е предлогот на првиот човек на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубијалес. Гласањето за или против предлогот, ќе се случи на Собранието во април.

Идејата е на Ф4 во Суперкупот да играат првите два тима од првенството и двата финалисти во Купот. Би имало полуфинале и финале, а нема да се игра меч за трето место. Ако помине предлогот, ќе се имплементира уште оваа година.

Мечевите би се играле на една недела пред стартот на првенството. Рубијалес и соработниците сметаат дека тоа би биле празници на фудбалот во градот каде што би се играло, а ќе се зголеми и интересот за ова натпреварување.

Хавиер Тебас, кој е прв човек на Ла Лига, е против оваа идеја и смета дека Федерацијата се меша некаде каде што нема ингеренции. Федерацијата и Лигата имаа различно мислење и околу тоа дали првенствен меч треба да се игра надвор од Шпанија, па затоа дуелот на Барселона и Жирона не се играше во Мајами, како што сакаа клубовите и Федерацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести