Шпанскиот тенис во криза како никогаш претходно во последните 35 години

Рафаел Надал е шпанскиот тениски крал чија кариера блескаше речиси 20 години, но сега е во залез. Како наследник на Надал, тука е Карлос Алкарас. Младиот 19-годишен талент веќе има две титули на гранслем-турнири и моментално е на второто место на АТП-листата, веднаш зад најдобриот Новак Ѓоковиќ.

Иако Алкарас е на второто место на АТП-листата и Шпанија има голем адут за во иднина, сепак, вклучен е алармот кога се работи за шпанскиот тенис. Оваа седмица, меѓу најдобрите 100-тина тенисери на АТП-листата има само петмина Шпанци. Тоа е најмал број шпански тенисери кои се во Топ 100 во последните 35 години. Последен пат само петмина Шпанци во Топ 100 имало во далечната 1989 година.

Покрај Алкарас, кој е на второто место на АТП-листата, меѓу најдобрите 100 од Шпанците се и Алехандро Давидивич Фокина (24-то место на АТП), Роберто Карбалјас Баена (66), Хаиме Мунар (70) и Роберто Баутиста Агут (98-мо место). Од минатата недела, двајца Шпанци го напуштија Топ 100 друштвото, па сега Педро Мартинес е на 101-вата позиција, а Алберт Рамос е на 104-тото место.

Интересно е дека Рафаел Надал моментално е на 656-тото место на АТП-листата.

- Оглас -

Најнови вести